Каталонскиот гигант Барселона е последниот клуб кој покажа интерес за италијанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан. Офанзивниот бек е проценет на околу 15 мил. евра, а освен каталонците, голем интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на италијанските калчо гиганти, Милан, Интер и Јувентус.
Поранешниот фудбалер на Милан и на Торино, редовно ја грее клупата за резервни фудбалери откако во менаџерското столче седна контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо и поради таа причина сериозно размислува за промена на клупската средина.
Од друга страна, актуелниот шампион на Шпанија, се почесто има проблеми со левиот бек, Жорди Алба, кој заработи нова повреда за време на квалификацискиот дуел на Шпанија против селекцијата на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.