| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнал да ги раздвои од тепачка, па завршил повреден во болница

noz

Кривична пријава заработија 29-годишниот Ф.Џ., 25-годишниот М.М. и 22-годишниот М.А. сите од Тетово поради насилство.

Според податоците од полицијата, среде бел ден околу 15 часот и 30 минути на улицата „Благоја Тоска“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу пријавените од една страна и 31-годишниот Г.К. од Скопје од друга страна.

Настанот го забележал 37-годишниот А.И. од Тетово, кој се обидел да ги раздели, при што од страна на М.М. со нож му биле нанесени две расекотини во пределот на телото, а М.А. со бетонска плочка го удрил во пределот на десната рака. По ова А.И. се упатил во Клиничка болница Тетово каде поради сериозноста на повредата бил задржан на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top