| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на Баерн Минхен ги налути фановите: По поразот лумпувал на белградските сплавови

 

alaba

Еден од најдобрите фудбалери на минхенски Барен и член на репрезентацијата на Австрија, Давид Алаба, веќе подолго време е на мета на фанвоите поради слабите игри во националните дрес. Тој уште повеќе ги налутил Австријците откако бил уловен како по поразот од Србија 3-2, се забавува во друштво на српски фудбалери во белградските клубови.

На социјалните мрежи се појавиле повеќе слики од Алаба во опуштено издание, само неколку часа по поразот, а на една од нив тој бил во друштво на фудбалерот Немања Радојниќ.

По овие фотографии, на кои австриската јавност бурно реагирала, морал со соопштение да излезе и тренерот на репрезентацијата на Австрија, Марсел Колер, кој изјавил дека играчите сами носат одговорност за тоа што го прават во слободното време.

– Приоритет на репрезентацијата е по натпреварите за националниот дрес да ги ослободи играчите да се вратат во своите клубови. Затоа им се овозможени директни летови од таму каде што сме настапиле, до градовите каде треба да се јават за да ги изполната своите обврски за клубовите. Затоа, откако тие ќе бидат ослободени од обврските спрема репрезентацијата, останува на нив да одговараат за своите постапки, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top