| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 5.500 пензионери в година бесплатно на бања

banja

-Нови 5.500 пензионери во текот на наредната година ќе можат да ја искористат услугата за бесплатно бањско лекување- најави денеска претседателот на ВМРО ­ДПМНЕ Никола Груевски. ­

-Од информациите коишто ги имам неделава завршува последната група пензионери кои користат бесплатен бањски престој и со тоа за годинава се заокружува бројка од 5.200 лица кои бесплатно отишле на бања или вкупно 38.000 од 2010 година кога започна да се спроведува овој проект- рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 10 нови наслови од едицијата за превод на илјада стручни и научни книги.

Тој посочи дека за наредната година според неговите информации веќе се резервирани средства во Буџетот за нови 5.500 пензионери.

– За овој проект од 2010 година до денес има огромен интерес кај пензионерите и големо задоволство од начинот на којшто се изведува. Анкетите кои ги прави Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека е многу висок процентот на пензионери кои се многу задоволни од услугата и би сакале повторно да ја искористат – нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top