| четврток, 6 декември 2018 |

Почина италијанскиот писател и нобеловец Дарио Фо

Италијанскиот драмски писател, актер и нобеловец, Дарио Фо, почина на 91-годишна возраст, соопшти денеска Владата на Италија.

Фо, кој е познат по политичките сатири, како „Случајната смрт на еден анархист“, доби Нобелова награда за книжевност во 1997 година.

Делата на Фо изобилуваат со организиран криминал, политички корупции, политички убиства, доктрините на Католичката црква и конфликтите на Блискиот Исток.

Фо е роден на 24 март 1926 година во италијанското место Санџано. Тој е автор на околу 70 претстави, од кои најпознати се „Ние нема да платиме! Ние нема да платиме! и „Случајната смрт на еден анархист“.

Неговите дела се изведувани во целиот свет, од Аргентина, Чиле, Велика Британија, Холандија, Полска, Романија, Јужнофриканска Република, Јужна Кореја, Шпанија, Шри Ланка, Шведска и во поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top