Вистината е дека Македонија е една од најубавите земји на Балканот, пишува на својот блог за патувања искусната патеписка Анџали. Но, Скопје, главниот град е магнет што ги привлекува љубопитните туристи кои се во потрага по нешто уникатно. Од бројните статуи до џиновскиот крст на планината Водно од каде се гледа градот и старите градски улици што кријат многу интересни тајни – Скопје нуди непогрешлив вкус кој истовремено е и извонреден и реален.
Би можел да ве интересира фактот што целиот град беше срамнет со земја по земјотресот во 1963 година и многу пари се потрошија за неговата повторна изградба. Скопје 2014, кампања која започна во 2009 година за подобрување на идентитетот на градот создаде нешто сосема уникатно (изградбата сè уште е во тек) – сегашното Скопје со своите бројни висококатници и едночудо статуи.
Првото нешто што ќе ви падне на очи се статуите. Не Скопската тврдина Кале или куќата на Мајка Тереза, туку статуите. Тие се насекаде, со најголема концентрација околу Градскиот плоштад.
Исто така, подгответе се да го видите гордото македонско знаме насекаде!
Градот на статуите
Статуите се симбол на главниот плоштад и каде и да погледнете сигурно ќе забележите по некоја статуа! Воини и историски личности зјапаат во посетителите што минуваат, занесени во фотографирање статуи, згради и мостови, изградбата на некои допрва треба да заврши. Но, сосема јасно е дека има доволно работи што ќе ве заинтригираат. И задоволат.
Статуата на Александар Велики навечер – иако локалните жители ја нарекуваат Воин на коњ (Грција, еден од нивните најголеми инвеститори се противи Александар да се претставува како историска фигура на Македонија). Статуата ноќе е осветлена во разни бои иако некои делови од статуата беа мета на вандали кои ги бојадисаа (истото важи и за главната порта)
СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
Старата скопска чаршија повеќе личи на жив музеј од отомански, византиски и модерни згради. Овој дел од градот се протега од Камениот мост до Бит-пазар и тука ќе најдете пазари, мали турски ресторани, музеи, занаетчиски дуќани, чевли и часовничари. Очигледно, оваа чаршија била најголемата чаршија на Балканот во 17 век.
Стар амам (турска бања) денес е претворен во музеј!
Тргнете на лежерна прошетка низ чаршијата за да ги видите зградите во отомански или византиски стил, некои од нив се во напредна состојба на занемареност. Најдете стари банкноти и бакарни сервиси за кафе во занаетчиските дуќани или традиционални македонски носии што ги красат избледените стари излози. Вечерајте во традиционални турски ресторани, земете донер или ќебапи или топол бурек и напијте се некој турски чај! Тоа е искуство што нема да го заборавите.
МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ
На планината Водно, во целиот пејзаж доминираше ова прекрасно креативно дело. Со висина од 66 метри крстот е симбол на 2000 години од христијанството во Македонија и е петтиот најголем крст во светот и може да види од секаде низ Скопје. Кога се искачив на планината Водно, го видов во три различни светла- како цел крст, делумен крст и структура покриена со магла и тоа во рок од само неколку минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.