| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Радовиш ќе се одржи „Самун ем татлија“ по четврти пат

Викендов од 14-ти до 16-ти октомври, сите патишта ќе водат во Радовиш, каде традиционално по четврти пат ќе се одржи манифестацијата „Самун ем татлија“.
Манифестацијата го добила името според истоимениот радовишки специјалитет кој ќе може да се проба на градскиот плоштад „Св. Спасо Радовошки“.
Обраќање ќе има градоначалникот Сашко Николов, а ќе настапат голем број соло изведувачи, бендови, фолклорни ансамбли. Манифестацијата започнува во петок со настапот на 2 Days, Троја, Eye Cue и Љубојна, продолжува во сабота кога присутните ќе уживаат во музиката на Фолклорни ансабли, Распеани Радовишани, Екстра Плус, Јоце Панов, Јордан Митев и Шабан Шаулиќ, Џамбо и Агушеви, за да заврши во недела со настапот на Дрим Тим и Марјан Коцев, Либеро бенд, Ефто Пупиновски, Даниел Кајмаковски и Brass Brothers. Изминативе години „Самун ем татлија“ беше посетена од илјадници гости од земјава и странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top