| четврток, 6 декември 2018 |

Облачно со дожд и многу ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен повремено и засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови. Температурата ќе се движи од девет до 21 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top