| четврток, 6 декември 2018 |

Карпош Соколи се засилува на бековските позиции, нов играч е талентираниот Хрват Доминик Мавра

dominik-mavra

Талентираниот хрватски интернационалец Доминик Мавра (22 год., 194 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на Карпош Соколи, со која потпиша договор до крајот на сезоната.
Станува збор за играч од кого се очекува да ја засили бековската линија на тимот и да донесе нова енергија по низата од четири порази во АБА-лигата. Мавра е член на златната кадетска и јуниорска генерација на Хрватска, која стана европски шампион во 2010 во Црна Гора, односно 2012 година во Литванија.

Иако е роден во Задар, кариерата ја почнува во тимот на Загреб, потоа мина кус период во Сплит, а од 2013 до 2015 настапуваше за екипата на Цибона, со која во 2014 година доаѓа до шампионскиот прстен во АБА-лигата. Поголем дел од минатата сезона ја минува во дресот на полскиот прволигаш МКС Даброва.

Мавра е првото засилување за Карпош Соколи по заминувањето на Лемонт Мек, а неговото деби, најверојатно, ќе биде на саботното гостување токму кај неговата Цибона, ако во меѓувреме се среди потребната документација за регистрирање во АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top