Американската полиција го уби човекот кој држел во заложништво пет деца на неговата љубовница. По 37 часа неуспешни преговори, специјалците биле принудени да го убијат затоа што претставувал закана за животите на децата. Во станот биле пронајдени мртви и неговата љубовница 44 годишната Кармелит Стивенс и 13 годишниот син.
Полицијата
отиш
ла во куќата на Кармелит откако нејзини роднини пријавиле дека не можеле да стапат во контакт со неа неколку недели. По спроведената истрага било утврдено дека децата не биле на училиште 12 дена. Кога полицијата упаднала во куќата биле пронајдени тела во распаѓање, а во една од спалните бил 38 годишниот Џералд Скип Марфи кој им се заканил на полицајците дека како заложници држи три деца, а вооружен е со револвер и експлозив.
Опсадата на куќата траела цели 37 часа, по што полицијата решила да спроведе акција за негова елиминација затоа што било забележана влошена ментална состојба. Во подрумот бил пронајден 19 годишниот син на Кармелит кој рекол дека не видел никој од семејството од 24 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.