| четврток, 6 декември 2018 |

Ја нашле онесвестена – Дара Бубамара имала сообраќајка

dara

Дара Бубамара излетала од пат со своето возило. Пејачката на патот Белград -Нови Сад со своето „ауди А6“, се излизгала од патот, се превртела и се онесвестила, по што се здобила со повреди и потрес на мозокот.

Несреќата се случила по нејзиното гостување во „Ами Џи шоу“, додека се враќала дома.

– Бев онесвестена, главата ужасно ме болеше, и се јавив на пријателката, таа викна помош. Имам потрес на мозокот. Сакам да мислам позитивно – изјави Дара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top