Кејт Мидлтон пред некој ден беше на првата официјална посета без својот сопруг и децата, а како дестинација ја одбра Холандија.
Еднодневната посета вклучуваше посета на кралот Вилем Александер, посета на музејот во Хаг за да ужива во делата на Вермер и рутинска посета на хуманитарни организации за да ја даде својата поддршка.
Но, откако заврши напорниот ден, наместо да патува со кралскиот приватен авион, војводката од Кембриџ одбра редовен комерцијален лет со британската авиокомпанија.
Патниците на летот на „Бритиш ервејс“ од Холандија беа шокирани кога ја видоа Кејт Мидлтон на комерцијалниот лет, облечена во светлосин костум на модната дизајнерка Кетрин Вокер, па сведоци велат дека никогаш не виделе толку многу телефони извадени одеднаш за да го овековечат овој несекојдневен момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.