| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ: Згодна на ревија и без шминка на прошетка (Фото)

Ана Ивановиќ во последно време стана актуелна во светот на модата и модните брендови, а нејзиното најново гламурозно појавување беше во Верона, на ревијата на „Интисими“.

Тениската ѕвезда изгледаше прекрасно во црниот комбинезон со проѕирен горен дел и светкави мониста.

Деталите вклучуваа металик чанта, сребрен часовник, бурма која се забележуваше од далеку и црни минималистички сандали.

Само неколку часа подоцна, Ана Ивановиќ беше забележана во друштво на својот сопруг, без шминка, облечена во фармерки и џемпер, како нежно го бакнува пред папараците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top