| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт има воини што не се предаваат

Голден стејт има кошаркарски воини што не се предаваат, ниту во навидум загубена ситуација, а Стеф Кари и соиграчите го потврдија победничкиот менталитет и синоќа против Сан Антонио. На домашен терен го победија фаворитот со 97-87 по едно продолжение и израмнија на 2-2, во полуфиналната серија до 4 победи во западната конференција од НБА. А, на само 5 минути до крајот, сѐ одеше во прилог на Спарс. Гостите водеа со 80-72, најдобриот поединец на Вориорс, Кари играше повреден, но Голден стејт како екипа има страшен карактер. Ги надминаа проблемите и до крајот на регуларниот дел ја анулираа негативата, а потоа со фуриозен старт од 9-0 во дополнителните 5 минути го победија противникот. Кари играше со инјекција поради повредата на левиот скочен зглоб, но стисна заби и постигна 22 поени.

nba 1

Најефикасен беше Мет Барнс со 26 поени, а забележi и 10 скока, Џерет Џек додаде 24 поени, Богут фати 18 топки под кошевите, што му донесе втора победа на тимот од Сан Франциско. Кај Сан Антонио чии играчи потфрлија во продолжението, постигнувајќи само 3 поени за 5 минути игра, најефикасен беше Џинобили со 21 поен. Данкан оствари дабл-дабл од 19 поени и 15 скока, а Паркер уфрли 17 поени. Следниот натпревар се игра во Сан Антонио, екипа, што има натпревар повеќе на свој терен во серијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top