Во снимка од пред 11 години Доналд Трамп вулгарно зборува за жената која му се допаѓала, поранешна водителка на шоуто „Аксес Холивуд“ Ненси О’Дел.
Снимката настанала во 2005 година во момент кога Трамп не знаел дека го снимаат. Тој во автобусот бил со Били Вуш, кој тогаш го водел шоуто „Access Hollywood“, а сега е водител на утринската програма на Ен Би Си.
Ненси во тоа време била мажена, а Трамп сочно објаснува што ` направил.
– Се обидов да имам секс со неа. Навалив на неа како на кучка, но не успеав. Беше во брак – е дел од неговата изјава којашто ја шокираше Америка. Знаете дека автоматски ме привлекува убавото. Веднаш почнувам да ги бакнувам. Тоа е како магнет… Не чекам, а кога сте ѕвезда, тоа ви е дозволено, можете сè да им правите – рекол тогаш Трамп кој, откако „Вашингтон пост“ го објави видеото, се обиде да се оправда за своите изјави.
Поради објавената снимка, Ен Би Си денес го суспендира водителот Били Буш и покрај тоа што снимката е стара 11 години. Од телевизијата наведуваат дека било недозволиво водителот снимката да ја објави токму во време на претседателската трка, со што го прекршил основото правило на телевизијата за фер следење на кампањата на двајцата кандидати без изнесување на детали од нивното минато. Токму поради ова видео, Трамп ја загуби подршката од 150 негови донатори на кампањата, а предизвика презир кај жените во Америка. Сето тоа резултираше со неговиот втор пораз на втората претседателска дебата со Хилари Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.