| четврток, 6 декември 2018 |

Во овие земји туристи веќе нема никогаш да стапнат

Сајтот Редит сака да поставува различни прашања, а овојпат ги прашува своите корисници во која земја нема веќе никогаш да стапнат и зошто. Многумина се сурово искрени, а добар дел од нив повеќе сурови отколку искрени.

Ви пренесувама некои од најинтересните одговори на прашањето која земја веќе нема да ја посетите и зошто.

„Тајланд. Бев во 1998, 2002 и во 2003. Секоја година има се повеќе туристи и секој нарден пат кога еќе отидам е полошо од претходниот.“

„Југославија. Зашто веќе не постои.“

„Не ми се допадна на Бахамите. Имам чувство дека мептаните не се воодушевени од присуството на туристите, а нивните погледи како да велат дека ве трпат само поради парите.“

„САД. Премногу гласни и дебели луѓе.“

„Египет. Мило ми е што можев да видам историски знаменитости, но не би можел пак да си имам работа со тие луѓе.“

„Го мрзам Египет. Хотелите се полни со груби и арогантни Руси. А видовме и ајкула кај пристаништето.“

„Турција. Затоа што никој не оди на одмор за некој да му дофрла и да го малтретира група лигави мажи.“

„Италија. Нивната култура и нормите се супер, ама не се за мене. Јас сакам проватен простор и тишина, а Италија ми ги нарушува и двете и тоа повеќе пати.“

„Франција. Луѓето се генерално нељубезни, ксенофобични и арогантни. Единствена причина поради која ја минувам нивната граница е да дојдам до Шпанија или до Англија.“

“Данска. Луѓето се многу високи и немаат свое јас. Добро, вкусен им е појадокот.“

„Тунис. Јас имав пролив, а девојка ми запек. Само за тоалет не се каравме.“

„Америка. Зашто секогаш ми е забранет влезот.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top