Хрватскиот поп пејач Петар Грашо повторно размислува да се повлече од музиката.
– Сигурно повторно ќе има пауза. Моментно работам на албумот, заедно со Тончи Хуљиќ и мојата екипа. Ќе направиме овој, четврти албум, а потоа ќе размислиме малку за повлекување. Не можам јас тоа. Премногу е – рече поп ѕвездата за Ер-Те-Ел.
Грашо признава дека сака да работи.
– Тоа што го сработив за две години, некои не го можат ни за 10, но не се работи за тоа. Работата е во тоа што никогаш не сум сакал здодевни луѓе, па не сакам ни јас да им здодеам на луѓето. Не сакам да бидам секојдневна појава – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.