За време на концертот на Петар Грашо во Тисна, на неколку метри од бината се случила сообраќајна несреќа кога автомобил влетал во публиката.
Во насобраниот народ со својот автомобил завршил 36 годишен маж кој бил под дејство на алкохол. Тој поради неприлагодена брзина удрил во бетонски ѕид, а потоа во 40 годишна жена која била наслонета на ѕидот и 47 годишна жена која седела на истиот. И двете се згрижени во Општата болница во Шибеник.
По повод оваа несреќа, на Фејсбук се огласи и Петар Грашо. Тој изрази жалење и желба за брзо опоравување на повредените.
Увидот траел до утрото, а Полициската управа од Шибенско-книнскиот регион вели дека постапката и понатака е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.