Вчера во 09.00 часот во с.Блатец, виничко, во куќа сопственост на Г.Т. настанал пожар, кој се проширил и ја зафатил куќата сопственост на неговиот брат Н.Т. Во пожарот изгореле двете куќи.
Од страна на членови на семејството и соседите пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип, а причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.