Претседателот на здружението на прволигаши во Ла Лига, Хавиер Тебас, го потврди терминот за одигрување на првото „Ел Класико“ за оваа година. Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“ ќе се одигра на 3 декември со почеток од 16.15 часот.
Пред одредување на терминот за одигрување имаше опција тоа да се игра во 13.00 часот, најмногу поради гледачите од Азија, но во игра беше и терминот од 18.30 часот. Минатото „Ел Класико“ одиграно на „Камп Ноу“ заврши со победа на Реал Мадрид од 1-2, што беше нивна прва победа во Каталонија по пауза од четири години, но сепак на крајот Каталонците се радуваа на титулата.
Моментално и двата клуба се наоѓаат во „мини-криза“. Во последниот натпревар Барселона беше поразена од Селта, што беше нивни втор пораз оваа сезона, за разлика од нив Реал Мадрид нема пораз оваа година, но е во серија од три реми по ред во шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.