| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја делови од Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сарај

Делови од општините Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сарај утре ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Милан Зечар – новите згради на Голден Арт, како и корисниците од ул. Методија Шатров Шарло – старите бараки во општина Аеродром.

Без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе останат корисниците од ул. Востаничка над бр.60. во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. Ангел Димовски бр.8 и ул. 23 Октомври бр.40 во општина Аеродром.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од ул.51 во населба Стопански Двор и корисниците лоцирани кон обиколницата во општина Ѓорче Петров, а од 9:30 до 13:30 часот, корисниците од селата Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Раовиќ, Семениште, Паничари и Ласкарци во општина Сарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top