Стручните лица велат дека вистинскиот, природен мед не е леплив. Значи, ако го размачкате со пристите не смее да се лепи бидејќи тоа покажува дека во себе има шеќер или вештачки засладувачи.
Еве уште неколку начини како да проверите дали во раце имате чист мед од пчели или има додатоци.
Може да го тестирате и со вода – ставете лажица мед во вода. Ако се спушти на дното и таму остане, тогаш нешто не е во ред. Лажниот мед ќе почне веднаш да се топи, односно да се меша со вода.
Природниот мед после некое време се кристализира.
Ставете малку мед на вата и запалете ја. Ако медот е вистински, ќе гори.
Стевете капка мед на прстот. Природниот мед ќе остане на едно место, додека лажниот мед ќе тече по прстот.
Загрејте малку мед во микробранова, на висока температура. Природниот мед ќе се карамелизира, а лажниот е полн со меурчиња.
Ставете природен мед пред мравките, нема да го допрат. Не го сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.