| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурс за школување во Воено-воздухопловната академија и Воената академија Вест Поинт

Министерството за одбрана на Република Македонија објави конкурс за избор за номинација на 12 кандидати за упатување на четиригодишно школување во САД, на Воено-воздухопловната академија и Воената академија „Вест Поинт“.

– Станува збор за уникатна шанса за сите граѓани на Република Македонија од 17-23 години со завршено средно образование, односно со можност да го завршат средното образование до 01.07.2017 година, кои добро го познаваат англискиот јазик, соопшти денеска МО.

Кандидатите кои ќе се пријават, се појаснува, ќе поминат низа тестови и интервју во Министерството за одбрана, а ќе бидат тестирани и од надлежни комисии на Военовоздухопловната академија и на Воената академија „Вест Поинт“.

Сите кандидати кои имаат интерес можат подетално да се запознаат со конкурсот кој е објавен на веб-страницата на Министерството,www.morm.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top