Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ оствари официлајна средба со британската кралица Елизабета Втора, јавија сите хрватски медиуми. Но, и покрај тоа што средбата беше официјална, претседателката се ракуваше со кралицата неформално, онака ако што не си дозволуваат светските државници.
Овој протоколарен гаф го пренесоа сите агенции.
Имено, пружајќи ѝ ја десната рака на кралицата, претседателката ја фаќа кралицата со левата за подлактицата, што не се очлекува имајќи предвид дека на официјалните страници на кралското семјество иако пишува дека не постојат задолжителни правила на однесување при средба со членови на кралското семејство, повеќето државници главно се придржуваат на протоколот.
Според протоколот, раката се пружа под прав агол со палецот нагоре. По контактот, палецот нежно се спушта и со прстите лесно се притискаат прстите на калицата. Кралицата е таа која прва пружа рака. Секој контакт како прегрнување или допирање на кралицата се смета за непристоен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За овој гаф не е виновна, но Балканот пак слатко ѝ се смее на Колинда (фото)
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Брза географија: „Канал 5“ ја најави „американската канцеларка Меркел“ (ВИДЕО)
-
Очајно писмо од кралицата Елизабета II го потресе светот: Писмото говори за смртта на Дијана