Рамо до рамо со лидерот на опозицијата, со обвинетиот Зоран Верушевски и со заменичката Радмила Шеќеринска маршот на срамот го одеше и Ивана Туфегџиќ, која ја доби чест и да застане на бината и да им се обрати на малубројните следбеници на антимакедонските политики на опозицијата.
„Ние сме генерацијата која доживеа егзодус од сопствената власт. Оваа власт упорно не ни дава шанса и не игнорира. Оваа власт го урниса образованието и на прво место ја стави партијата“, рече Туфегџиќ, која од бината пред Собранието на РМ уште еднаш ги потврди амбициите за висока позција во партијата.
Наследничката на Шекеринска и Заев, која има само 23 години, е член на младината на СДСМ, а довербата на партиската врхушка ја стекна преку Студентскиот пленум, во кој беше задолжена да ја води битката на СДСМ за целосно оцрнување на легитимните студентски избори.
Ивана Туфегџиќ е магистрант по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Стана препознатлива во јавноста по платеничките настапи за исполнување на агендата за уништување на демократијата. Таа е еден од најистакнатите лидери на сдсмовскиот пленум кои како дел од платеничката револуција на опозицијата сакаа да ги спречат и легитимните избори за нов студентски лидер.
Ивана Туфегџиќ е член на младината на СДСМ и многу блиска до раководството на партијата за што потврдуваат и овие фотографии со лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.
Ивана Туфегџиќ практикува улични демократија, често се обраќаше на платеничките променади на платеничката револуција, а е задолжена за кревање на тензии и предизвикување инциденти.
Ивана Туфегџиќ за реализацијата на плановите на својата партија не е задолжена од скоро. Таа изминатите неколку години е задолжена за креирање сценарија и сеење лаги и манипулации помеѓу студентите. Таа започна рамо до рамо да бара и оставрување на барањата на нејзините лидери во екот на политичката криза, па на својот блог делеше совети како треба да работи парламентот, како претседателот да замине од својата позиција и сл.
Ивана Туфегџиќ е сестра на Симона Туфегџиќ, член на Средношколскиот пленум и слеп следбеник на политиките на сестра си. Дете во политиката и уште една жртва на манипулативната политика на СДСМ, со која врши партизација на децата и на образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.