| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски: Најмладите пуштени да се закануваат со Шутка, каква празнотија

ivana-tufekdzik-sobranie

Дебитантскиот настап на пратеничката од СДСМ Ивана Туфегџиќ во законодавниот дом наиде на остра критика кај постарите членови на СДСМ. Туфегџиќ на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им се закануваше со „одење во Шутка“, па Мицковски на Фејсбук настапот на Туфегџиќ го оцени како аспирација на младиот човек, да му вика на постариот дека ќе биде казнет.

-Најмладите пуштени да се закануваат со Шутка. Тоа им е функцијата, на тоа се сведува позицијата и капацитетот на младите во политиката и јавните нешта. Тоа е аспирацијата на младиот човек, да му вика на постариот дека ќе биде казнет, или да се издигне со својата генерација и да се застапува за нешто подобро. Што не се заканува Ферид или Лилто, што не излезе некој заборавен од времето тоа да го направи. Каква празноќа…, пишува Ивор Мицковски на социјалната мрежа Фејсбук.

ivor-stat

Инаку, за потсетување Туфегџиќ стана пратеник од СДСМ во Собранието директно од улица каде се истакнуваше на насилните протести кои ги организираше таканаречената Шарена револуција.

Дека послушно и неуморно ги следи политиките кои ги спроведува нејзиниот лидер Зоран Заев говори и податокот за огромната изборна донација која Туфегџиќ ја дала во партијата како невработена и без приходи. Туфегџиќ како послушен следбеник на Заев на сметката на СДСМ уплатила донација во висина од 118.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top