| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо од „папучар“: Јас сум партнер на својата сопруга, а не гостин кој само јаде и спие

Ми дојде пријател дома, седевме, разговаравме и во еден момент реков „Одам на момент да ги измијам садовите кои ми останаа“. Ме погледна како да му реков дека склопувам вселенски брод, па помалку збунето ми рече:

– Добро е за тебе што помагаш на жената, јас кога ќе фатам нешто, жена ми воопшто не го цени тоа. Еднаш го изметив подот, ни фала не ми кажа- се издиша пријателот.

Се вратив и седнав да му објаснам дека нема потреба од фала, дека не и помага на жената.

-На мојата жена не и треба помош, и треба партнер- реков и му посочив- Јас сум партнер во куќата и заради тоа се поделени задачите, но не се работи за помош во куќата.

Јас не и помагам на жената да исчисти, затоа што и јас живеам тука и морам и јас да чистам.

Јас не и помагам на жената да зготви, затоа што и јас сакам да јадам и јас мора да зготвам.

Јас не и помагам на жената да ги измие садовите, затоа што и јас јадев од тие садови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top