Енис Барди одигра уште еден извонреден натпревар. Иако повреден, младиот играч за врска стисна заби и не само што помогна, туку и беше меѓу најдобрите на теренот, постигнувајќи го вториот гол на денешниот дуел. И тој како и сите останати фудбалери беше пресреќен од историскиот успех.
– Никогаш во животот не сум имал вакви емоции. Ова никогаш во животот не сум го почувствувал, јас и претходно реков дека во оваа генерација имаме многу квалитетни играчи. Со овие играчи и со овој селектор имаме се што треба, и Господ им помага на оние што имаат добра душа, што искрено се борат. Одиме понатаму, на ред е првенството во Полска, ниту таму нема да се предадеме, без оглед против кого ќе играме – истакна Барди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.