| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Грег Попович: Не биди луд, оди и земи им ги парите

 

greg

Српскиот кошаркар, Бобан Марјановиќ пред повеќе од една година се пресели во НБА лигата, а негов прв тим таму беше  Сан Антонио Спарс. По тешкиот старт во тимот, тој потоа покажа квалитет и добри игри со што го привелче вниманието на повеќе американски клубови од најсилната кошаркарска лига.

Неговиот тогашен тренер, легендарниот Грег Попович кој со Спарси има освоено низа шампионски титули, открил што му рекол на српскиот кошаркар кој не сакал да ја напушти екипата и да премина во Детроит каде сега игра.

– Тој е толку фин што во еден момент морав да се вмешам во трансферот и да му објаснам дека плата од 3 милиони по сезона и од 21 милион по сезона не е исто. Му реков, не биди луд, оди и земи им ги парите. Мораш тоа да го направиш. Ме послуша, иако во тој момент се чувствуваше лошо и не беше сигурен, изјавил тренерот Попович.

Сега центарот Марјановиќ во својот нов клуб не само што заработува 7 пати повеќе, туку има и драстично поголема минутажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top