| четврток, 6 декември 2018 |

Гори „Европа центарот“ во Берлин (фото)

berlin

­ Гори најгорниот кат од еден од најпознатите трговски центри „Европа центарот“, во главниот град на Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Пожарот започнал десетина минути пред 14 часот, а засега противпожарната служба на Берлин нема информации кои се можните причини за инцидентот.

„Европа центарот“, кој има 20 ката, се наоѓа во центарот на Берлин во близина на познатата катедрала „Кајзер Вилхелм“, која е позната како црквата со уништениот покрив, а во негова близина има голем број на продавници каде гравитираат огромен број туристи. „Европа центарот“ е изграден на почетокот на шеесетите години на 20 век по подигнувањето на Берлинскиот ѕид. Препознатлив е по ротирачката ѕвезда на „Мерцедес бенц“ поставена на врвот на зградата.

pozar

Засега, според берлинските институции, нема жртви. Пожарот во „Европа центарот“ се случува во услови на зголемени безбедносни закани и апсењето на сирискиот бегалец кој планирал да подметне силен експлозив на некој од берлинските аеродроми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top