| четврток, 6 декември 2018 |

Четврти пораз на Карпош Соколи во АБА-лигата

Дебитантот во регионалното кошаракрско натпреварување Карпош Соколи вечерва го доживеа четвртиот пораз и заедно со македонскиот шампион се последни во „јадранското“ друштво. Партизан, во меч што заврши пред малку во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада Карпош Соколи со 84-77 (22-20, 20-21, 20-20, 22-16).

Најефикасен на средбата беше играчот на „црно-белите“, Хечер со 21 поен. „Соколите“ се прикажаа во добро светло и успеаја да му парираат на фаворитот во три периоди. Попуштија во последниот што беше и клучен за победникот.

Дури пет кошаркари во домашниот состав забележаа двоцифрен кош ефект. Зековиќ и Лабовиќ постигнаа по 15 поени, Пери 14, Вркиќ 11 и Дувњак 10. Ако е за некаква утеха, Кенрдик Пери е прогласен за МВП на мечот. Карпош Соколи во петтото коло (сабота/17 ч.) гостува на Цибона, МЗТ Скопје Аеродром (недела/19 ч.) ќе патува на мегдан на Задар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top