| четврток, 6 декември 2018 |

Сите зборуваат за кошулата на Меланија Трамп

Целата планета деновиве зборува за изјавата на Доналд Трамп дека „тој слободно може да ги фати жените за интимните делови (pussy) “, а неговата сопруга веројатно случајно, го довела во уште нови неволји.

Меланија Трамп, сопругата на Доналд Трамп кој е во трка за следен претседател на САД одлучила за дебатата во градското собрание да облече свилена кошула од марката „Гучи“ – „Gucci pussy-bow“. И сево ова би било во ред ако во името на кошулата го нема спорниот збор.

screenshot

И сега наместо изјавата на Трамп да остане заборавена, Меланија, не сакајќи ја нагласи уште повеќе.

Цената на кошулата е 1.100 долари, а изборот на облеката повлече цела армија луѓе да коментираат на твитер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top