Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да се вклучи во разговорите за замрзнување или намалување на нивото на производство на нафтата.
Путин на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул рекол дека „замрзнувањето или дури намалување на прозиводството на сирова нафта веројатно е единствена исправна одлука за одржување на одржливоста на целиот глобален енергетски сектор.
-Русија е подготвена да им се придружи на напорите за ограничување на производството и ги повикува останатите извозници на нафта да го направат истото, рекол Путин додавајќи дека се надева оти на состанокот на ОПЕК во ноември ќе има „одредени спогодби“.
Членките на картелот на неформалниот состанок во Алжир на 28 септември се договорија за замрзнување на производството на нафта на ниво помеѓу 32,5 и 33 милиони барели дневно. Тој договор би требало да биде формат
лизиран на состанокот во ноември.
Претставници на државите кои се меѓу најголемите прозиведувачи на нафта се собраа во Турција да разгледаат како да стават крај на двегодишното заситување на пазарот, пренесе Блумберг.
Нафтата брент после најавите за замрзнување на производството на нафта во септември е во пораст, што е најавено и овој месец.
По цена од околу 2 долари за барел, нафтата сега е повеќе од дупло поевтина отколку во средината на 2014 година што големите произведувачи на нафта како Саудиска Арабија и Русија ги изложи на голем економски притисок.
Саудискиот министер за енергија Халид Ал Фалих рекол дека не е „незамисливо“ нафтата да дојде на 60 долари за барел до крајот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.