| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен филмски фестивал во Кинотека на Македонија

На 12 октомври, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал ШНИТ, во чии рамки ќе се прикажат шест краткометражни филмови од шест различни земји.

На кинотечното платно  публиката ќе може да ги погледне филмовите „Многу осомен петел“ на Леонид Смелков од Русија, „Добар пат“ на Марк Вилкинс од Швајцарија, „Тркачот“ на Хозе Луис Монтесинос од Шпанија, „Чудна птица“ на Анук Фортуние од Белгија, „Елис“ на Нолан Куберо од САД и „Бања“ на Тим Елрих од Австрија.

Шнит фестивалот започнал во 2003 година во Берн како дводневен настан, а низ годините прераснал во дванаесетдневен настан со уникатен концепт на транснационален филмски фестивал кој во исто време се одржува во повеќе градови на пет континети во светот. Во овие дванаесет дена, на светската публика ќе и бидат претставени над 200 кратки филмови од различни кинематографии, жанрови и стилови. Исто така овој фестивал има и компетитивен карактер  кој доделува награди во вкупна вредност од 100 000 долари.

unnamed-3

12 октомври (среда) 20:00 ч.

МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ – ШНИТ СИНЕМАС (shnit CINEMAS –INTERNATIONAL)

 

МНОГУ ОСАМЕН ПЕТЕЛ

(A very lonely cock)

Анимиран филм, Русија

2015 г., 6 мин., колор, ХД

Режија: Леонид Смелков (Leonid Smelkov)

Тежок ден за многу осамен петел. Можеби утре ќе биде подобро. Кој знае? Како и да е, не може да биде полошо. Или може? Не само што производството на јајца е во прашање за многу осамениот петел, во овој чуден свет сè е почудно од минута во минута.

 

ДОБАР ПАТ

(Bon Voyage)

Краток игран филм, Швајцарија

2016 г., 23 мин., колор, ХД

Режија: Марк Вилкинс (Marc Wilkins)

За време на крстарење по Средоземното Море, туристи ќе сретнат брод со бегалци што тоне.

 

ТРКАЧОТ

(El Corredor / The Runner)

Краток игран филм, Шпанија

2014 г., 13мин., колор, ХД

Режија: Хозе Луис Монтесинос (José Luis Montesinos)

Пред 5 години газдата ја затворил компанијата и отпуштил 300 работници. Првиот ден кога оди да

трча тој сретнува еден од нив.

 

ЧУДНА ПТИЦА

(Drôle d’oiseau / Strange Bird)

Краток игран филм, Белгија

2015 г., 15 мин., колор, ХД

Режија: Анук Фортуние (Anouk Fortunier)

Филмот е портрет на човек со биполарно растројство насликан низ очите на неговата 11-годишна ќерка. Сликата се претвора во носталгична авантура со двајца неконвенционални херои на патот на невиноста и суровото однесување.

 

ЕЛИС

(Ellis)

Краток игран филм, САД

2016 г., 15 мин., колор, ХД

Режија: Нолан Куберо (Nolan Cubero)

Еден млад татко е принуден да го дели старателството на неговите ќерки со неговата поранешна сопруг чиј нов дечко има криминална историја на сексуални напади.

 

БАЊА

(The Bathtub)

Краток игран филм, Австрија

2015 г., 13 мин., колор, ХД

Режија: Тим Елрих (Tim Ellrich)

Една када – три браќа – многу прскање! Тројца браќа се обидуваат да нурнат во детството преку една стара семејна слика каде што се сликани во кадата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top