Триесет и седумгодишниот Ненад Стефановиќ од српското село Крива Феја во петокот е уапсен во Врање, откако бил фатен како пред основно училиште се бакнува со седмоодделенката Наталија С. (13).
На Стефановиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена. Скандалот што деновиве ја тресе Србија почнал пред неколку дена, кога тој 20 минути пред училиштето го бакнувал и допирал девојчето.
За српските медиуми, мајката на Наталија зборува дека целата голгота за неа и нејзиното дете и семејство почнала во јули оваа година кога во полицијата го пријавила исчезнувањето на својата ќерка.
– Со Ненад се запознала преку „Фејсбук“. Отиде кај тетка ѝ, но не се вратила дома бидејќи Ненад ја однел во Врањанска Бања и сакал да се ожени за неа. Сето тоа го спречила полицијата веднаш по мојата пријава и јас се надевав дека педофилот ќе биде затворен. Да бев закон веднаш ќе го обесев – раскажува очајната мајка.
Меѓутоа, обвинителството тогаш донело одлука да не покрене кривична пријава.
– Таа е дете, џабе ѝ зборуваш кога тој ја заведува пред училиште. За среќа, не биле заедно. Таа вети дека нема повеќе да се гледа со него, но… Тој ѝ купува подароци, од играчка до парфем. И другарките ѝ зборувале и сè прифаќаше, додека тој не се појави – раскажува мајката
Мајката зборува дека манијакот повтроно го пријавила в полиција кога нејзината ќерка се обидела во понеделникот да се отруе.
– Таа се уплаши дека Ненад ќе нè убие. Купила „ аналгин“ и испила неколку таблети. И мене, верувајте, ми е страв од манијакот, страв ми е да излезам до продавница. И мојот сопруг има здравствени проблеми, само што излезе од болница – зборува мајката.
– Ја носиме и ја враќаме од училиште одиме кај педагози и писхолози, сегде само за да ја спасиме нашата ќерка – зборува мајката.
Стефановиќ пред обвинителството е сослушан во саботата. Тој рекол дека со Наталија се сакаат и дека кога – тогаш ќе се земат.
– Уште од летово ги подготвив кумовите, сатаросватот и нема да се откажам . Ако мора, ќе почекам да заврши основно училиште – рекол Сревановиќ вчера пред обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната