Премиерот Шинзо Абе и неговата влада решија да се борат против традицијата на самопрегорно работење откако една студија покажала дека една петина од Јапонците се во опаност да умрат од премногу работа.
Прегорувањето на работа толку е во традиција на Јапонија, па само јапонскиот јазик има збор и за таа појава – кароши.
Самоубиствената посветеност на работата која во Јапонија со векови се смета за доблест, сега попримила такви размери да владата на премиерот Шинзо објави бела книга со статистички податоци за бројот на работници кои умираат од премногу работа.
Агенцијата „Кјодо“ јави дека 23 јапонски компании потврдиле дека нивните работници месечно собираат 80 и повеќе прекувремени часови, дури до неверојатни 300 и тоа не прекувремена работа по општо прифатени мерила, туку онаа работа после која расте опасноста од смрт. Понатаму 2.159 луѓе извршиле самоубиства поради премногу работа за време на изминатата даночна година (од 31 март до наредниот 31 март), а 93 се обиделе да се убијат. Се верува дека вистинските бројки се многу поголеми од официјалните.
Хроничната исцрпеност, мозочни и срцеви удари од стрес и низа други болести предизвикани од претерано работење однесуваат толку животи во Јапонија што Владата реши да застане на крај на таа појава.
На овој проблем се укажува уште од 80-тите години на минатиот век, но сега неговите размери станаа чудовишни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.