| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени девет лица осомничени за нападите во Турција

Турските власти приведоа девет лица осомничени дека се одговорни за вчерашните експлозии на два автомобила-бомби во јужниот град Рејханли, во близина на границата со Сирија. Во експлозиите загинаа 46 лица. Според заменик-премиерот Бешир Аталај, деветмината приведени се турски државјани.

Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека нападите се дело на група, која им е позната на турските власти и која има директни врски со разузнавачката служба на Сирија. Шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу, пак, изјави дека зад нападите стојат борци, лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад. Вели нападите немаат ништо заедничко со бегалците во Турција, но се поврзани со сирискиот режим. Давутоглу смета дека оние кои стојат зад нападите во Рејханли се одговорни и за нападот во сирискиот крајбрежен град Банјас пред една недела, во кој беа убиени најмалку 62 лица. Претходно денеска Сирија демантираше дека е вмешана во нападите во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top