Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – убиство и обид за убиство.
Осомничениот се обвинува дека со умисла на суров начин го лишил од живот својот брат, напаѓајќи го прво со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна цинкувана цевка додека не го усмртил.
По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите, кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде што му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Нему пејачот му бил пример: Ова е братот на Дарко со кој ја делат истата стравична судбина!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија