Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи. Пообилни ќе бидат во западните и северозападните делови на земјава, каде наместа се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, но повеќе ќе биде застапен во западните подрачја.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопското подрачје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но со променлив интензитет. Температурата ќе биде од 7 до 18 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.