| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот за култура -Битола го прослави роденденот со концерт „Џејмс Бонд Симфони“

Центарот за култура-Битола одбележува 36 години од денот кога првпат почна со работа и роденденот го прослави со целовечерниот концерт на Камерниот оркестар на Битола.

14696897_10154027795143652_1331807842_n

На концертот насловен „Џејмс Бонд Симфони“ покрај 30 музичари од Битола настапија и солистите Наде Талевска, Нина Јанева и Ирена Димовска, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура.

14686024_10154027795148652_2119358198_n

– Центарот за култура, порано именуван како Дом на културата, во Битола почна со работа на 10 октомври 1980 година. Годинава роденденот го одбележавме со концерт на камерниот оркестар на Битола чии уметници имаа успешно лето и по концертите во Скопје, Штип, Кавадарци и Гевгелија. Тие повторно понудија безвременски музички теми од филмовите со Џејмс Бонд. Во текот на овој месец, на 24 октомври, ќе одбележиме и роден ден на нашето 3-Д кино формирано пред три години, најави Димитровски.

14699946_10154027795153652_305905221_n

14620074_10154027795163652_1296332308_n

фото: Димитар Петковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top