Четири натпревари и четири порази е билансот на МЗТ Скопје во АБА лигата. По ваквиот учинок тренерот Емил Рајковиќ по вчерашниот пораз од Цибона поднесе оставка.
– Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекорможеби ќе биде подобар и за клубот и за мене, изјави Рајковиќ на прес-конференцијата по дуелот со загрепчани.
Оставката беше прифатена од управата на клубот. Сино-белите веќе утре ќе тргнат кон Литванија, каде што в среда ги очекува првиот дуел од Еврокупот против Лиеткабелис. Екипата на ова гостување ќе биде предводена од досегашниот помошник Александар Јончевски. Во тимот нема да бидат Мејси и Томас со кои наскоро и ќе биде официјализиран ракинот на соработката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.