Една жена загина во Австралија, а неколку лица се повредени откако врз нивните домови или автомобили паднале дрвја, искорнати од силниот ветер, јави ДПА. Несреќните случаи биле предизвикани од силни ветрови, кои предизвикаа пустош во југоисточната провинција Викторија.
Итните служби добиле над 2.200 повици со молби за помош во рамки на неколкуте часа, кога беснееле ветровите.
Според синоптичарите сличен феномен се случува еднаш на пет години, посочи претставник на итните служби.
Од паднати дрвја биле оштетени и автомобили на полицијата и спасувачите. Ветровите со брзина од околу 110 километри на час соборија и далноводи, предизвикувајќи прекини на струјата. Над 120.000 домаќинства во државата со часови останаа без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.