| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајци изеле ќотек додека вршеле увид на сообраќајка кај Бит пазар

policija

Во Скопје на булеварот „Македонско Косовска Бригада“, вчера околу 16.30 часот полициски службеници од ПС Бит Пазар, при обезбедување на сообраќајна незгода кај пазарот, биле нападнати од страна на две непознати лица.

МВР денеска соопшти дека еден полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на стомакот и му ја искинале јакната за дожд, додека другиот полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на грбот.

По преземени мерки постојат основи на сомнение дека напаѓачите се Ш.Р. (30) и А.К. (19), двајцата од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top