| четврток, 6 декември 2018 |

Гоцо, подобра сум во сексот од тебе – се огласи љубовницата на Рашо

%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%be

Поради фотографијата која српскиот Курир ја објави на која се гледа како сопругот на Гоца Тржан, Рашо Новаковиќ со непозната девојка влегува во хотел држејќи се за рака, пејачката сега наводно поднела барање за развод.

Девојката со која Рашо по тврдењата на српските медиуми ја изневерил Гоца Тржан е 20-годишната Теодора Радојичиќ од Белград, а таа сама се издала откако на Инсатграм ја објавила насловната страна од магазинот  и го тагнала бендот на Рашо.

Меѓутоа, имало бура од негативни коментари, па таа тој пост го избришала.

Гоца во меѓувреме имала средба со фотографите на кои им порачала: Одете најдете го Рашо и сликајте го со некоја фу**ра, а Теодора не останала рамнодушна на тоа и веднаш се огласила:

– Прво, јас не сум фу**ра, туку модел. Второ, таа пејачка нека се запраша зошто нејзиниот маж падна на мојот шарм, а ако тоа не и е јасно, јас ќе и го дадам одговорот. Подобра сум во сексот од неа. Трето, денеска сите живи се разведуваат и не гледам тука во што е проблемот. Не сум виновна јас за нивниот крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top