Два црногорски клана тргнаа во војна пред три години за кражба на повеќе од 200 килограми кокаин. Вооружените судири во областа на Котор, Белград и Нови Сад досега однесоа осум животи, а четири лица се повредени. Приказната на балканската мафија добива свое продолжение, бидејќи за ликвидација, наводно, се најмени убијци од БиХ, пишува Аваз.
Војната меѓу двете црногорски кланови – Шкаљарскиот и Кавачкиот – започна во 2013 година кога во Валенсија исчезна околу 200 килограми кокаин донесен со брод од Јужна Америка. Овој конфликт се чини дека се претвори во војна до истребување, пишува српски Блиц. Шкаљарскиот клан е на браќата Јован и Игор Вукотиќ, блиски соработници на Лука Бојовиќ, шефот на новиот Земунски клан, додека Кавачкиот клан го водат Радоје Звицер и Слободан Кашчелан кон кого неодамна беше пукано во Нови Сад.
Платеници од Босна и Херцеговина
” Кашчелан и неговиот телохранител се ранети кок крајот на јуни во Нови Сад. Тие беа во Ауди А6, а напаѓачите отвориле оган од мотори со кои избегале. Кашчелан се опорави и е подготвен за одмазда. Истрагата во Србија која води за убиства кои произлегуваат од конфликтот на клановите од Котор дадоа сознанија за напаѓачите. И двете страни најмиле платеници од Босна и Херцеговина, а некои од нив се идентификувани”, пренесува Блиц свој извор.
Очигледно се работи за поранешни војници и припадници на специјални полициски и воени единици кои своите услуги одлучиле да им ги понудат на мафијата. Неколку пати во оваа мафијашка војна биле ангажирани снајперисти за висока цена.
“Полицијата има листа на десетина поранешни работници од БиХ кои убиваат за мафијата и за оние кои плаќаат повеќе. Постојат барем уште толку платеници кои се уште не се откриени “, додава Блиц.
Чин 1: Експлозија на Ауди и убиство во истата вечер
Првата голема ескалација по исчезнатите 200 килограми случи во февруари 2015 година, кога во Подгорица во воздух беше разнесени автомобилот на Милан Вујотиќ кој оттогаш исчезна без трага. Истата вечер во Нов Белград е убиен Горан Радоман. И двајцата беа членови на Шкаљарскиот клан.
Чин 2: По грешка убиени пријатели на мафијата
Очекуваната освета пристигна брзо и Шкаљарскиот клан брзо се наврти на Горан Ѓуриќковиќ, кој два пати во Шпанија се врати со рана од огнено оружје. Скривалиште пронајде кај еден пријател и поранешен политичар Саша Марковиќ. Во април минатата година Марковиќ е убиен пред семејниот дом, а полицијата верува дека ова е грешка на напаѓачите чија цел беше, всушност, Ѓуричковиќ.
Чин 3: Прв снајперски атентат
Иако истрагата не го пронајде убиецот на Марковиќ, откри атентатори, две лица, задолжени да се “реши” Ѓуричковиќ. И двајцата беа уапсени, но тоа не му помогна на Ѓуричковиќ, кој беше убиен од снајперист во октомври минатата година додека шеташе пред неговиот ресторан во Будва.
Чин 4: Бран на апсења
Два месеци по убиството на Ѓуричковиќ во Котор е ликвидирана член на Шкаљарскиот клан, Иван Лопичиќ. Имаше еден бран апсења – во Шпанија, беше уапсен Винету Чоковиќ, во Белград Коста Радановиќ, двајцата поради сомневања за водство на криминална група која шверцува кокаин. За Радановиќ осомничен и дека тој учествувал во пресметката претходно во Шпанија кога бил ранет Ѓуричковиќ.
Чин 5: Жешка пролет
Пресметката продолжи во Котор, каде што на крајот од март минатата година, застрелан во грбот и тешко ранет е Војин Ступар. Неговиот пријател Срѓан Влаховиќ, член на безбедноста на шефовите на Кавачкиот клан, беше убиен неколку недели подоцна. Додека седел во автомобил во него бил испукал рафал од автоматска пушка. Убијците побегнале со скутер.
Чин 6: Уште едно убиството по грешка
Которскиот архитект Ненад Поповиќ беше убиен, се верува, по грешка, во неговиот автомобил пред еден тунел. Поповиќ возел црн Мерцедес, исто како и таткото на браќата Вукотиќ, раководители на Шкаљарскиот клан. Тој веројатно бил цел.
Чин 7: Убиството на сопругата на шефот
Следеа три атентати на Милош Радоњиќ, човек многу близок на Кавачкиот еснаф, а во пукањето во мај оваа година на целта се најде сопругата на Радое Звицер, главен на Кавачкиот клан.
Чин 8: Контранапад
Од Котор, престрелките се преселија во Нови Сад, каде што загина телохранителот на Јовица Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан. Ова беше проследено со контра-напад во кој врз лидерот на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан испукани се 15 куршуми. Тој го преживеа нападот.
Чин 9: Снајпер во затвор
Бруталноста на оваа војна меѓу мафиите најдобро се гледа во пресметката во септември. Во разорна експлозија во населбата Mуo во Котор беа убиени членовите на Шкаљарскиот клан Горан Бискуповиќ и Милош Бошњак, а потоа среде затворот во Спуж со снајпер е застрелан Далибор Ѓуриќ, осомничен за учество во ликвидацијата во Земун во 2011 година на Данило Радоњиќ од Бар и Џенан Рамовиќ од Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Војската на Црна Гора ќе има 2.368 војници
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Во домот на скопјанец пронајдени хероин и кокаин