Целосно опожарени две возила, додека две се делумно оштетени во пожар што избувна ноќеска во 2 часот и 50 минути на паркинг во населбата Радишани. Причината сеуште не е позната но се претпоставува дека пожарот е подметнат. Телевизија Сител според еден од сопствениците на автомобил пренесе дека пожарот бил подметнат. Тој тврди дека возилата биле испрскани со бензин, а под едно од нив бил пронајден и остаток од крпа натопена со бензин.
Среќа во целата оваа ситуација е што пожарникарите реагирале на време и го изгаснале пожарот, зошто веднаш до автомобилите на паркингот се наоѓа столарска работилница. Сопствениците на работилницата велат дека ако огнот се проширил и во нивниот објект тогаш последиците би биле катастрофални. Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од Бригадата за протипожарна заштита-Скопје, додека полицијата изврши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.