Кошаркарите на Карпош Соколи остануваат без победа и по третото коло во регионалната АБА лига. Македонскиот претставник кој сезонава дебитира во ова натпреварување, вечерва беше убедливо совладан од Морнар со резултат 83-59.
Во Бар домаќините ја најавија победата по првиот период кој го добија со 24-10, на полувреме домаќините имаа плус десет разлика, а најнеизвесно беше во третата четвртина. Во 25. минута Карпош Соколи стигна до резултат 44-43 и имаше можност комплетно да се врати во натпреварот, три минути подоцна беше 50-49, но Морнар го издржа притисокот и го финишираше периодот со 56-51.
Последната четвртина беше катастрофална за нашиот тим кој прими 27, а постигна само 8 поени.
Дикерсон со 19 и Волер со 17 поени беа предводници на Морнар, додека кај Карпош Соколи најефикасен бил Вркиќ со 13, по што следувале Пери и Дувњак со по 11 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.