| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Џган“ на 20 октомври ќе се прикажува во Чикаго

Македонскиот филм „Џган“, на англиски јазик „Аmok“, во режија на Вардан Тозија ќе има светска премиера на најстариот американски филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival).
„Џган“ пред американската публика ќе биде прикажан на 20 октомври во 20:45 часот во натпреварувачката селекција на жанровски филмови „After dark“.
Македонски продуцент на филмот е „Дрим фектори“, копродуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски…

Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен“, Вардан Тозија го изработи и сценариото. Дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук Игор Поповски, а музиката е на Александар Пејовски. Сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работела Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top