Бугарскиот тенисер, Григор Димитров првпат во кариерата го победи Рафа Надал и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг.
Во осмиот меѓусебен дуел, Димитров успеа да го победи Надал и да обезбеди место меѓу четирите најдобри во Пекинг.
Бугарскиот тенисер загуби само шест гејма, го доби Надал со 2-0 во сетови 6-2 и 6-4.
Во полуфиналето Димитров ќе игра против Милош Раониќ, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Мареј и Ферер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.