| четврток, 6 декември 2018 |

„Метју“ однесе 500 жртви

Бројот на жртвите од ударот на ураганот Метју на Хаити се искачи на повеќе 500 лица, а спасувачките екипи за прв пат успеале да влезат во уништените крајбрежни делови државата.

Бројот на повредени лица постојано расте, а најмалку 62 илјади се сместени во привремени засолништа, соопшти централната агенција за цивилна заштита на Хаити.
Повеќето жртви настрадале од паднати дрвја и остатоци од урнатини кои биле носени од силниот ветер кој имал брзина од 230 километри на час.
Владата на Хаити соопшти дека најмалку 350 илјади лица имаат потреба од помош.
Со силни ветрови, кои на момент достигнуваа брзина и од 195 километри на час, ураганот Метју утрово помина над источниот брег на Флорида. Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во неколку држави на источното крајбрежје а наредена е и итна евакуација на најмалку 3 милиони лица. Гувернерот на Флорида им препорачаа на лицата кои не успеале да се евакуираат да не ги напуштаат своите домови се до сабота наутро. Засолништата ширум државата се отворени за граѓаните и за бездомниците кои бараат заштита од бурата. Повеќето аеродроми во регионот се затворени, а откажани се најмалку 3000 летови.
Од американскиот центарот за урагани соопштија дека се формирал нов ураган. Тропската бура Никол се трансформирала во ураган и се движи кон брегот на Бермудските острови. Ураганот достигнал брзина од 130 километри на час и би можел да забрза во следните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top